Променливо облачно време со врнежи од дожд денеска, утре пад на температурите за 10 степени

- Македонија
1135

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со краткотраен локален дожд, наместа проследен со ретки грмежи и засилување на ветерот. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови од земјава. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец кој на места ќе достигне брзина од 65 км/час. УВ индексот ќе има вредност 5, а дневните температури ќе се движат во интервал од 17 до 33 степени. Слично време се очекува и утре но со значително пониски температури. Максималната температура утре се очекува да го достигне 23-от степен, што претставува пад за десеттина степени, споредувајќи со претходните денови.

Извор: УХМР

Facebook Коментари