Први мај- Меѓународен ден на трудот

- Македонија
46

Први  мај се одбележува како меѓународен ден на трудот и е неработен ден за граѓаните на Република Македонија. На нашите простори, најчесто се одбележува со скара во природа, друштво, забава и одмор. Инаку, празникот има за цел да покаже почит кон работниците како и да испрати порака за зачувување и унапредување на правата на работниците.

Во светот и 1 мај се одбележува  во знак на почит кон жртвите на штрајкот  кој се одржал  од 1 до 4 мај  1886 година во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата при што имало и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, при што четворица од нив биле  и погубени.

Во знак на почит кон жртвите од штрајкот, Втората интернационала  на својот оснивачки конгрес во 1889  година донела декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат мирни и симболични  демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.

Меѓународниот ден на трудот има статус на празник.  Во Македонија, до 2006 година тој се празнуваше 2 дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден.

Facebook Коментари