РКЕ одлучи, бензините поскапуваат, дизелот поевтинува

- Македонија
380

Цената на бензините ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 се зголемуваат, а дизелот поевтинува, одлучи РКЕ.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за еден денар и ќе изнесува 82 денари по литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР 98 се зголемува на 1,5 денар и ќе чини 84,5 денари по литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1 денар, и од утре  ќе се продава по цена од 73 денари по литар.

Се намалува и цената на екстра лесното масло од 73,5 на 72 денари, а цената на мазутот од утре ќе изнесува 37,6 денари, односно покачува за 0,5 денари.

Facebook Коментари