РКЕ одлучи -Дизелот поскапува, бензините со иста цена

- Македонија
287

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91%  во однос на претходната одлука.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,179%, кај  дизелот зголемување во просек за 3,807%, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,803% и кај мазутот намалување во просек за околу 1,760%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.

Малопродажните цени наЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Од полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС –  95                      88,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98                      91,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                      92,00 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)                   88,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС                                                                52,814 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,111 %.

 

Facebook Коментари