Лев банер Десен банер

Се одржа осмото издание на на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“

Осмото издание на меѓународната манифестација „100 илјади поети за промена“ се одржa во сабота, 15 декември со почеток во 19:00 часот во кино салата на кафе бар „Селект“ во Струмица. Глобалното движење „100 Илјади поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ го реализираше осмото издание на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, на која традиционално беше промовиран зборникот со дел од авторите кои учествуваа на конкурсот и беа презентирани дизајнерските решенија на авторите застапени на изложбата, а самата програма беше проследена со читање на поезија од автори од неколку градови од Македонија.

Темите кои се најчеста инспирација за авторите и поетите кои учествуваат на манифестацијата, обработуваат проблеми поврзани со општествениот и социјалниот живот, мирот, заштитата на природната околина, заштитата на планетата Земја. Проблеми поврзани со глобалното затоплување, со ранливите општествени групи. Преку оваа манифестација во континуитет се согледува дали поезијата е доволно моќна да иницира позитивни промени во државите, промени во начинот на размислување, во односите меѓу луѓето. Да се промени гледиштето на светот со зборови, мисли, поезија; размислувања и разговори со самите себе; внатрешни промени наспроти големата слика. „100 Илјади поети за промена“ се поддржани од годишната програма на Општина Струмица.

Фото:Митко Иванов

error: