Подружницата ХЕС„Црн Дрим“ – Струга приреди новогодишно изненадување за дечињата од посебната паралелката во ОУ „Браќа Миладиновци“ Струга

- Локални
857

Денеска,  27.12.2018 година, Подружницата ХЕС„Црн Дрим“ – Струга организираше новогодишно изненадување за учениците од посебната паралелка  во ОУ „Браќа Миладиновци“ Струга.

Децата се дружеа со Дедо Мраз и кловнот Анита кои им поделија пакетчиња, материјали за нивните часови, многу прегратки и заедно пееa и се забавуваа.

„Ова е еден мал гест со кој се обидовме да ги израдуваме овие ученици, но и да го свртиме вниманието кон нив со цел растење на овие деца во подобра околина полна со љубов.

Ние како општествено одговорна компанија се трудиме секогаш да излеземе во пресрет на заедницата со посебен акцент на ранливите категории во истата. Ова е само дел од низата акции кои ги посветуваме и со кои се трудиме нашето место на живеење да го направиме поубаво и подобро за живеење.“ – велат од ХЕС„Црн Дрим“ – Струга.

Strugaonline

 

Facebook Коментари