Славчо Попоски: Од петок следува голема промена на времето

- Македонија
754
Уште денес и утре нашата територија ќе биде под влијание на циклонот РОБЕРТ.
Денес ќе има услови за слаб локален дожд претежно во попладневните часови а утре повторно локално се очекува нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилноста, не се исклучува можноста и за сосема ретка појава на град.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.
Веќе од петок па за време на викендот но и на почетокот од следната недела под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ ќе имаме стабилно, суво и сончево време со сосема мала локална облачност. Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат над просекот за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.
Наутро ќе биде свежо со минимални утрински температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени. Исто така во утринските часови ќе има услови и за појава на магла по одделни котлини.
Во Струга и околината особено утре ќе има услови за краткотраен дожд и услови за грмежи,  додека од петок па за време на викендот ќе има стабилизирање на временската состојба. Максималните дневни температури ќе бидат во пораст и за викендот ќе се искачуваат до околу 24 степени. 
Подготви: Славчо Попоски

Facebook Коментари