Славчо Попоски: Престанок на врнежите и зимски утра – нови врнежи во вторник

Во текот на денешниот ден се очекува постепено намалување на облачноста и разведрување како и престанок на врнежите насекаде. Ќе продолжи да дува умерен до засилен ветер од северен правец а максимумот на температурите ќе се искачува во интервалот од 14 до 23 степени. Особено студено и зимско утро ќе имаме утре кога поради разведрувањето но и под влијанието на студената воздушна маса од север минималните температури ќе бидат невообичаено ниски за овој период од годината и исите ќе се движат во интервалот од 0 до 10 степени За време на викендот кој ни претстои ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Наутро и понатаму ќе биде доста студено додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени што значи ќе бележат тенденција на пораст. Нов бран на врнежи како и локална појава на грмежи ќе има во вторник.
Во Струга и струшко во текот на денешниот ден облачноста постепено ќе се намалува а ќе продолжи да дува северен ветер. Максимумот на температурата ќе се искачи до околу 18 степени додека утре наутро ќе биде доста студено па така минималната температура ќе се спушти до околу 5 степени. За време на претстојниот викенд и во Струга ќе имаме стабилно, суво и сончево време со мала локална облачност. Нов бран на врнежи ќе има во вторник. За повеќе метео информации посетете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски
Подготви: Славчо Попоски
