Форма Вита додели дипломи и медали на децата со пречки во развојот од центарот Порака Нова Струга

- Локални
1025

Преку симболична трка во организација на Спортски центар Форма Вита на децата со пречки во развојот од центарот Порака Нова им беа доделени признанија и медали.

„Целта на овој настан е уште еден дел од мисијата на Форма Вита. Шириме љубов преку спорт. Да го пренесеме вистинското значење на љубовта која е најголема, поголема од сите материјални достигнувања.. Љубовта која е внтарешна сила на човекот.. Овие деца се уште поголем мотив и причина да се докаже дека радоста и љубовта преку спортски активности го променуваат светот.“-велат од Форма Вита.

Тимот на Форма Вита и Порака Нова предводен од Мими Стојаноска учевствуваше на две градски трки изминатиов период во Охрид и Битола.

„На вакви трки каде што има илјадници луѓе, беше одлична можност преку трчање да пренесеме порака дека ги поддржуваме децата со пречки во развојот Тие настани беа мотив за мене како на децата да им се пренесе се она што таму се случуваше, како спортот го менува животот. Вистински да ја почувствуваат поддршката што сакавме да ја пренесеме.. Од тука дојде идејата како дел од заедничите спортски активности да организираме трка во Порака Нова каде учевство ќе земат сите деца членови на центарот. Признанијата и медалите беа најмалиот подарок што може да им се подари за успехот што го прават. Всушност тие на оваа трка ни подарија толку голема радост и љубов што не можат да се награат со ниедна  материјална вредност.“ -– вели Мими Стојаноска.

Од Форма Вита изразија надеж дека уште еден настан каде што секој од вас барем малку ќе допре со луѓето и ќе им подари позитивна енергија.

Тимот на Форма Вита изрази благодарност до вработените од центарот Порака Нова кои  ја поддржаа иницијативата и допринесоа за успешно органиација на активностите.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари