Со новата веб апликација имате увид колку пари ќе ви бидат вратени преку „МојДДВ“

- Македонија
898

Веб апликацијата МојДДВ за увид во износот на поврат на 15 отсто од ДДВ и бришење на фискални сметки што се скенирани по грешка, од 27-ми август e достапна за граѓаните на македонски, албански и англиски јазик, информираше Управата за јавни приходи.
Со новата веб апликација, граѓаните имаат увид во состојбата и  може во секој момент да го проверат износот што треба да им се врати од скенираните фискални сметки.

Веб апликацијата МојДДВ  е  достапна за граѓаните на следниот ЛИНК.
Веб апликацијата МојДДВ е достапна за граѓаните на македонски, албански и англиски јазик о ги нуди следниве опции:
Целосен преглед во скенираните фискални сметки

Увид во прометот остварен преку скенираните фискални сметки

Увид во износот на поврат на 15% од пресметаниот ДДВ
Повлекување односно бришење на фискалните сметки скенирани по грешка

Повеќе детали за функциите коишто ги нуди веб апликацијата МојДДВ како и за чекорите за користење се содржани на следниот ЛИНК.

Мерката поврат на ДДВ стартуваше на 1 јули годинава, а првата исплата ќе се реализира во декември.

Право на поврат на ДДВ има секое физичко лице со наполнети 15 години, важечка лична карта и трансакциска сметка, а лимитот за поврат на ДДВ на годишно ниво изнесува 7.200 денари за едно лице.

Facebook Коментари