Сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Кичево, повредени три лица

- Македонија
474

На 7-ми јули 2022 година, околу 14:25 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај селото Песочани, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени три лица.

 – Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Фиат панда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 31-годишниот Љ.Х. од Скопје и патничко возило „Пежо 306“, со српски национални ознаки, управувано од 71-годишниот Љ.Б. од Охрид. Во несреќата возачот Љ.Б. и 29-годишниот Ф.Б. од Скопје, сопатник во возилото „Фиат“, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, додека возачот Љ.Х. се здобил со телесни повреди. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР.
Извор: МВР

Facebook Коментари