Сообраќајна незгода во близина на Мешеишта, повредена малолетна девојка

- Македонија
698

На 8-ми април 2024 година, во 18:30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на селото Мешеишта, Општина Дебрца, се случила сообраќајна незгода во која е повредено малолетно лице.

– Во незгодата учествувале патничко возило марка „Фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 59-годишно лице од струшкото село Долно Татеши, кое излетало од патот. Притоа, малолетна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на СВР Охрид, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари