Србија го укинува задолжителниот ПЦР за македонски државјани

- Македонија
521

Македонските државјани од четврток повторно ќе можат да патуваат во Србија без задолжителен негативен ПЦР тест. Информацијата ја соопштила српската премиерка, Ана Брнабиќ, во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, информираа од Владата.


-Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ. За време на разговорот, со честитките за успешна 2021 година, беа изразени и желби и интерес за уште подлабока соработка меѓу владите и народите на двете земји во новата година. Премиерката Ана Брнабиќ го информираше премиерот Заев дека од четврток, 14 јануари, Република Србија ќе го укине задолжителниот ПЦР тест за влез во Србија за граѓаните на Северна Македонија, со што повторно ќе се обезбеди реципроцитет и обострана непречена комуникација меѓу граѓаните на двете земји.-стои во владиното соопштение.

Strugaonline

Facebook Коментари