Ислами: Градежен шут и кабаст отпад да не се депонира на несоодветни места

- Локални
506
ЈП Комунално-Струга продолжува со акцијата за чистење на несоодветно одложениот отпад во повеќе населени места на територијата на Општина Струга.
Денеска се расчистуваше и отстрануваше комуналниот отпад од дивата депонија помеѓу Џамијата и зградата на Ул Партизанска.
Директорот на ЈП Комунално-Струга Иќмет Ислами  апелира до граѓаните својот кабаст отпад (мебел, стара електрична и електронска опрема) и градежен шут да не го депонираат на места кои не се одредени за таа намена.
Strugaonline

Facebook Коментари