Стружанецот Јован Митрески ќе биде нов претседател на Собранието на Република Македонија

- Македонија
250

Стружанецот Јован Митрески ќе биде нов претседател на Собранието на Република Македонија, одлучи раководството на СДСМ на седница на Извршниот одбор, на која беше потврдена оваа одлука.

-Чест ми е, голема е честа, но уште поголема е одговорноста која што доаѓа со таква, исклучително важна државничка позиција. Благодарен сум на укажаната доверба од страна на раководството на СДСМ. Како и досега, максимално посветено и одговорно ќе работам за интересот на граѓаните, државата, угледот и дигнитетот на македонското Собрание.-напиша Митрески.

Митрески е координатор на пратеничката група на партијата, а од крајот на јануари ќе биде претседател на Собранието на Република Македонија, на местото на Талат Џафери, кој 100 дена пред парламентарните избори ќе стане премиер во техничката Влада.

Портпаролот на СДСМ Дарко Каевски  истакна дека Митрески е партиски избор за нов претседател на Собранието бидејќи е пратеник со долгогодишно искуство, чесен, вреден и посветен на граѓаните и државата.

– Сигурни сме дека Митрески ќе ја извршува функцијата на највисоко ниво и во интерес на граѓаните, рече Каевски.

Strugaonline

 

Facebook Коментари