Сугарески: „Визер“ е единствената авиокомпанија која што се пријави на јавниот повик за финансиска поддршка

- Македонија
904

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески  одржа прес-конференција на којашто информираше дека е успешен Јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании и дека единствена компанија која што е пријавена е „Визер“. Во исто време, министерот Сугарески ги образложи и критериумите кои треба да ги исполни оваа авиокомпанија за да добие финансиска поддршка.

-На Јавниот повик, до Министерството за транспорт и врски пристигна само едно барање за финансиска поддршка и од тоа од страна на авиокомпанијата „Визер“. По утврдената евалуација на понудата од страна на Комисијата надлежна за спроведување на овој Јавен повик, утврдено е дека авиокомпанијата „Визер“ ги исполнува сите услови и критериуми наведени во повикот.-информираше Сугаревски.

Министерот додаде дека согласно критериумите, авиокомпанијата „Визер“ има обврска да започне со оперирање на најмалку четири нови дестинации од аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид и тоа: првите две до 26 март 2019 година, а останатите две во рок од една година од денот на склучување на Договорот и истите да ги опслужува за периодот за кој се доделува финансиската поддршка.

Авиокомпанијата „Визер“ исто така има обврска да воспостави и две нови линии од Меѓународниот аеродром Скопје до 26 март 2019 година и истите да ги опслужува најмалку две години.

Во однос на финансиските средства, предвидени се вкупно 312 милиони денари или околу 5 милиони евра за период од 2019 до 2022 година.

  • за 2019 година предвидени се 86  милиони денари,
  • за 2020 година предвидени се 104 милиони денари,
  • за 2021 година се предвидени 104 милиони денари,
  • а за 2022 година предвидени се 17 милиони денари.

Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски ќе додели еднократна финансиска поддршка во износ од 40.000 евра за секоја нова дестинација воведена од „Меѓународен аеродром Скопје“ и аеродром „Св. Апостол Павле“ – Охрид.

За секоја нова дестинација воведена од „Меѓународен аеродром Скопје“ ќе се додели финансиска поддршка во износ од:

9 евра по патник во заминување во првата година од договорот,

8 евра по патник во заминување во втората година од договорот,

7 евра по патник во заминување во третата година од договорот

 

За секоја нова дестинација воведена од аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид ќе се додели финансиска поддршка во износ од:

 

  • 13 евра по патник во заминување во првата година од договорот ,
  • 12 евра по патник во заминување во втората година од договорот ,
  • 11 евра по патник во заминување во третата година од договорот

 

– Ние како одговорна Влада ветивме дека ќе продолжиме со стимулирање на авиосообраќајот и тоа го остваривме.-додаде министерот Сугаревски

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари