Одблокирана сметката на ОУ „Јосип Броз Тито“, има и нова водоводна мрежа

- Локални
2122

Oсновото училиште „Јосип Броз Тито“ доби нова водоводна мрежа и најпосле има одблокирана сметка. Ова беа два проблеми што се провлекуваа со години, а за нивно решавање со погрижи Општина Струга.

Периодов, Општина Струга заедно со тим од училиштето работи на уредување на училишниот двор што практично  не е уредуван од кога е изградено училиштето (1978година).

„Соработката и грижата продолжуваат во континуитет со цел да се обезбедат подобри и побезбедни услови за работа и учење во ова училиште и да се создава мотив за успеси и на учениците и на вработените.“ – велат од Општина Струга

Strugaonline

Facebook Коментари