Тур-оператори од Молдавија се запознаваат со туристичкиот потенцијал на Македонија

- Македонија
320

Шеснаесет тур оператори од Молдавија се веќе трет ден во посета на РС Македонија со цел да се запознаат со туристичките потенцијали кои ги нуди земјава и можностите за отпочнување на туристичка размена.
По детектираниот интерес за посета на Охрид и Скопје од страна на нивните туристи, Молдавските тур-оператори ја прошируваат својата програма и наместо како дел од кружна автобуска тура, Скопје и Охрид ќе влезат како независна понуда во каталозите на тур-операторите од Молдавија.

“Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот пробува да се прилагоди на промените наметнати од пандемијата со Ковид 19. Очигледна е промоената на пазари кои се во фокусот. Последнава година има неверојатен интерес за посета на РС Македонија од страна на земјите од источно-европскиот блок, со кои претходно не сме имале интензивна соработка. Очекувам отворањето на овие пазари да доне нова енергија, а ние ќе продолжиме да работиме на квалитетна промоција со цел да привлечеме посекувани профили на туристи” – изјави Јаневски, Директор на АППТ.

Од овој пазар досега посетите на  РС Македонија биле дел од кружна, комбинирана, автобуска тура Албанија-Македонија, а овој пат посетата на молдавските тур-оператори покрај Охрид и Скопје ќе вклучи и посета на зимски ресорти, хотели, туристички локалитети.
За време на нивната посета на земјава, молдавските тур-оператори остварија средби со домашниот туристички сектор за да подетално и непосредно ги разгледаат опциите за соработка. Скопје и Охрид се во фокусот, но интересот е насочен и на екскурзии во Тетово, Маврово, Струга, Вевчани и Битола.

Facebook Коментари