Учениците во земјава ќе бидат тестирани со брзи антигенски тестови

- Македонија
549

Ученицита од основните и средните училишта низ земјава  ќе бидат тестирани со брзи антигенски тестови.

Министерот за здравство Венко Филипче  денеска најави дека наскоро ќе биде објавена методологијата за скрининг на учениците во основните и средните училишта.

– Следните денови ќе се презентира методологијата за скрининг на учениците во основните и средните училишта. Факт е дека тука има одредена, многу мала, трансмисија, па ќе спроведеме скрининг бидејќи многу често децата се асимптоматски носители. Тестирањето ќе се прави во најголем број училишта. Методологијата ќе ја кажеме во следните денови, бидејќи бара согласност од родителите итн, рече Филипче.

Последните податоци од Министерството за образование и наука добиени од училиштата говорат дека на дневна основа, бројот на новозаразени ученици се движи од 0,01 до 0,03 отсто од вкупно 240 илјади ученици. Што се однесува до имунизацијата,  вакциниран е над 72 отсто од наставниот кадар.

Facebook Коментари