Денеска попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град, информираат од УХМР.
Пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме ќе има и утре, особено во источните делови. Потоа во следните два дена ќе преовладува стабилно време.
За време на викендот се очекуваат нови врнежи од дожд.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Facebook Коментари