Струшките матуранти ја одржаа матурската парада

- Локални
551

Со дефиле низ Струга и танцот Квадрил од Штраусовата опера „Лилјакот”, околу 100 матуранти од струшката гимназија ,,Д-р Ибрахим Темо“ го означија крајот на средното образование и традиционално испратија пораки против насилството.

Матурското дефиле започна од училишниот двор, продолжи низ градската чаршија, покрај реката Црн Дрим, а заврши со свеченост пред новата зграда на општината.

Градоначалникот на Струга, Рамис Мерко, им честиташе на матурантите за завршеното средно образнование и им посака успех во понатамошното школување.

„Честитки за завршувањето на средното образование, драги матуранти. Ви посакувам успех во вашето патување кон иднината и посветеност на професиите што ќе ги изберете. Студиите се сосема поинаков период од средното училиште, затоа работете напорно за да ги остварите вашите соништа.“-им порача Мерко на матурантите.
 За оваа свеченост, матурантите  изминатиов период беа подготвувани од нивните професори Блертон Равени и Ангела Иваноска.
Strugaonline
фото: Општина Струга

Facebook Коментари