УХМР- Ќе преовладува сончево време, претпладне на север и исток ќе биде променливо облачно

- Македонија
425

Претпладне особено на север и на исток ќе биде променливо облачно, а ќе преовладува сончево време. Наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 19 до 24 степени.

Утре утрото ќе биде студено, преку денот сончево и потопло со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 28 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари