Свечено е отворено Основното општинско музичко училиште во Струга

- Локални
845
Вчера во Струга свечено беше отворено основното општинско музичко училиште.
,,Таму каде што се отвора едно училиште, се затвара еден затвор. Денеска пишуваме историја. Отворањето на основното музичко училиште е  многу важен чекор за унапредување на образованието и културата, во Струга и пошироко. Денеска се докажа нашата упорност да го придвижиме градот напред, со музика и уметност, инвестирајќи и негувајќи нови таленти.,,-изјави на отворањето градоначалникот Рамис Мерко.
Во ова основно училиште настава ќе посетуваат над сто и петнаесет ученици.
,,Големиот интерес докажува колку голем и потребен чекор е отварањето на општинското основно училиште во Струга. Имаме три групи на македонски и три групи на албански јазик.  Училиштето нуди деветгодишно, шестгодишно и тригодишно музичко образование. Ќе се изучуваат сите инструменти, а програмата е адаптирана на возраста на учениците и нивните музички афинитети“. -изјави за Strugaonline Алтин Зиба-директорoт на музичкото училиште во Струга.
Тој додаде дека најмногу интерес има за деветгодишното образование , односно за часовите по пијано и виолина.
Strugaonline

Facebook Коментари