УХМР најавува топлотен бран

- Македонија
616

Под влијание на многу топла воздушна маса, во наредните денови ќе преовладува сончево, многу топло и стабилно време.-информираат од УХМР.

Температурата на југоисток ќе достигнува до 38 степени, а дневните максимални температури насекаде ќе бидат над 30 степени. Многу топло време ќе имаме до крајот на оваа работна недела, а појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи ќе има во четврток.

Strugaonline

Facebook Коментари