Во Србија повторно ќе има рестриктивни мерки за заштита од КОВИД 19

- Свет
465

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ најави дека во земјата повторно ќе има рестриктивни мерки за заштита од вирусот КОВИД 19.

Според најавите, рестриктивните мерки нема да подразбираат ограничување на движењето на граѓаните, но голема е веројатноста да се затворат ноќните клубови и да се ограничи работното време на рестораните.

Последниот збор околу мерките го има Кризниот штаб кој денеска ќе одлучува кои чекори ќе бидат преземени.

За затворање на ноќните клубови се размислува поради тоа што многу млади луѓе во Србија се заразени од вирусот.

Најмногу заболени има во Белград. Според податоците, потоа следуваат Нови Пазар и Крагуевац.

Strugaonline

 

Facebook Коментари