УХМР: Од утре следуваат обилни врнежи од снег

- Македонија
941

Под влијание на влажен и студен бран, утре и во четврток ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови.

– Насекаде ќе се формира нова снежна покривка од 10 до 30 см, а на планините позначителна, над 50 см. Заради ниските температури ќе има појава на голомразица, информираат од УХМР.

– Под влијание на многу студена воздушна маса до средината на оваа недела ќе се задржи променливо и студено време со утрински температури кои на места ќе се спуштат под -10 степени, а максималните на повеќе места преку целиот ден ќе се задржат под нула. Денес ќе преовладува сончево и студено време со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде ведро и студено со многу ниски температури, кои во целата земја ќе се спуштат под -10 степени, а во Пелагонија и Малешевијата и до -18 степени. Дневните температури скоро насекаде ќе бидат под нула. Под влијание на влажен и студен бран, во среда и во четврток претпладне ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време повторно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување, додаваат од УХМР.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари