Словенечкиот бенд Koala Voice со нов албум – Woo Horsie

- Музика
752

 

Koala Voice, омилениот бенд на новите генерации во регионов, за испраќање на 2018-та без посебна најава го објави албумот Woo Horsie. Како што самите велат, ова издание „ноншалантно го извлекоа од задниот џеб на износените фармерки.Woo Horsie е „уникатен проект, герила, со важна напомена животот да не се сфаќа толку сериозно. Проект со панк став и поп призвук.“


На албумот чиј продуцент е Јуре Влаховиќ и трае нешто повеќе од половина час, се наоѓаат 11 песни.

1. Early Bird
2. I Used to Smell Nice.
3. Dumdidada
4.Touch
5. Johnny +Self-respect
6. Helena
7. By car
8. Daily Towel Motion
9. Funky Cherry
10. Macbeth
11. Ker tu je vse tako lepo.

А „Коалите“ веќе ги чека интересна година. Овој месец имаат концерт во Германија, на лето ќе го поминат Балканот, а на есен голема европска турнеја. Концертната премиера на албумот е закажана за 14-ти февруари во Орто Бар во Љубљана, а првите датуми за балканската турнеја стигнуваат наскоро.

Словенците Koala Voice се бенд кој со својата комбинација на инди-панк, поп и диско звук повеќе од четири години ја освојуваат публиката од Ливерпул, Москва, преку Загреб, па сѐ до Скопје, Варшава и Талин. По успешниот игрив и мелодичен првенец „Kangaroo’s a Neighbour, во 2017-та излезе студиското дело „Wolkenfabrik“ кој уште еднаш го врати во фокус заразниот ритам и моќните вокали на бендот, а кој го продуцираше Danton Supple, познат по соработките со имиња како Coldplay, Ian Brown или Morrissey. Албумот беше вклучен во листата за топ 5 регионални изданија од страна на порталот Muzika.hr , нарекувајќи ги Koala Voice бендот кој треба да се слуша и следи бидејќи набргу би можел да стане многу голем.
Со своите настапи во Македонија, од кои последните два ги одржаа на ланскиот Д Фестивал, Koala Voice веќе освоија верна публика и кај нас. И токму нивните настапи како ланскиот на фестивалот Inmusic, оној како предгрупа за легендарните Pixies во Љубљана, или на некои од најдобрите фестивали во Европа како што се EXIT и Pohoda секако потврдуваат дека бендот мора да погледнете во живо.
Во 2018-та го објавија Unplugged албумот, а годината ја завршија со третиот албум Woo Horsie.

Koala Voice се: Манца Трампус (гитара, вокал), Миха Прашникар (тапани), Тилен Прашникар (бас гитара) и Домен Дон Холц (гитара).

Strugaonline

Facebook Коментари