УХМР: Во сабота обилни врнежи од дожд и снег, температурите значително ќе се намалат

- Македонија
283

Под влијание на влажен и студен бран во сабота ќе има значителна промена на времето со врнежи, кои на места ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 70 км/час), а температурите значително ќе се намалат и ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.

Извор: УХМР

фото: архива

Facebook Коментари