УХМР: Времето денес облачно со повремени врнежи од дожд

- Македонија
1123

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд претежно на југозападот и југот. На планините и на некои повисоки места со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -1 до 5 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 6 до 14 степени.

Во текот на неделата ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури (во средината на неделата од -2 до 4 степени), а дневните ќе бидат во постепен пораст.

извор: УХМР

Facebook Коментари