УХМР: Времето денес, облачно со повремени врнежи од снег

- Македонија
669

6

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Облачно со повремени врнежи од снег, само на   пониските места на југоисток,  на југоистокот врнежите се  од дожд и снег.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Облачно со повремени врнежи од снег, само на   пониските места на југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и источен правец. Температурата ќе достигне од 0 до 6 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвика претежно облачно и релативно студено време со повремени врнежи од снег, а во  крајните југоисточни делови ќе има врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со  променлив интензитет, и доста изобилни, каде  се очекува да да наврнат над 30 л/м2 воден талог, особено повеќе ќе  бидат застапени во јужните и југоисточните делови од земјава. Најмногу врнежи се очекуваат в среда и в четврток кога ќе има и значителен пораст на снежната покривка за 20 до 30 см нов снег. Од петок се очекува извесно стабилизирање на временската состојба.

Facebook Коментари