„Бело Дугме“ во Скопје!

- Забава, Македонија
2219

Уште една најава за голем концер од Авалон Продукција.

Zagreb 19.04.2005./fokus/foto Nenad Rebersak-press konferencija " Bijelo dugme"

Со еднаква доза на задоволство и гордост Ве информираме дека најголемиот музички бренд и бенд на Балканот на сите времиња, Bijelo Dugme, после навистина долго време ќе одржи свој концерт во Скопје – велат од Авалон Продукција.

Концертот на Bijelo Dugme кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 8-ми април, ќе биде досега можеби најспектакуларен и гламурозен концерт кој бендот го одржал досега во Скопје, со учество на хор, гудачки оркестар, тамбураши…

Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ- Тифа во Скопје доаѓаат после рекордно распродадени три арени во Белград, со сет листа која содржи повеќе од 30 слободно може да се каже легендарни песни на Bijelo Dugme.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (18.01), точно во 09 часот, преку проджната мрежа на Купи Карти За Се, а сите детали околу цените на билетите ќе бидат објавени вечерва во 21 часот.

ВАЖНО: СЕ ОДРЖУВА САМО ЕДЕН ЕКСКЛУЗИВЕН КОНЦЕРТ!

Facebook Коментари