ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Претпладне променливо облачно, во источните делови со кратки сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта, најпрво во западните, а потоа и во источните делови ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, со слаб, локално и умерен интензитет. Од вечерните часови снег може да има и во местата над 800м.н.в. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура во интервал од 6 до 14 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со умерен северен ветер. До вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а на повисоките места и планините слаб снег. Во текот на наредната седмица утринските температури на места ќе бидат негативни, а дневните нема значително да се менуваат.
Facebook Коментари