Превиткани фотографии кои на прв поглед навистина збунуваат

- Занимливо
1290

Фотографот Ајдин Бујукташ на својот инстаграм профил веќе подолго време објавува сосема невообичаени фотографии, кои на прв поглед навистина изгледаат збунувачки, речиси како дел од сцените на холивудскиот филм „Inception“.

Неговите фотографии се направени на повеќе различни места во САД, како во Аризона, Тексас, Калифорнија и Ново Мексико. Откако тој ќе ги одбере саканите места користејќи Google Earth, тој потоа поминува скоро еден месец патувајќи илјадници километри за ги создаде своите првични слики. Користејќи го својот дрон тој прави 18 до 20 слики за само една локација, кои потоа сите тие ги здружува во една свиткана фотографија за крајниот резултат да изгледа навистина нереално но фантастично.

Галерија:

Facebook Коментари