УХМР: Времето денес сончево со мала до умерена облачност

- Македонија
803

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во западните делови на земјава ќе има  зголемување на облачноста.

Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 18 до 25 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на работната недела ќе се задржи топлото време за овој период од годината.  За викендот и во  почетокот на наредната  недела се очекува промена на временската состојба.  Од северозапад се очекува да наиде релативно влажен и нестабилен бран, а од север ќе се спушта постуден воздух. Ке има зголемена облачност врнежи од дожд а на некои повисоки места и на планините се очекуваат и врнежи од снег.

Извор: УХМР

Facebook Коментари