Дали е време за ограда пред устието на реката Црн Дрим?

- Локални
1183

Откако зимава се ископа местото пред устието на реката, пред самата „брана“, се зголеми и висината на крајбрежјето долж накај пристаништето, и сега е високо околу два метри. Што значи и повозрасен човек да падне не ќе може да се качи, а и сигурно ќе се повреди. А што е со децата, тие трчаат наоколу, ги хранат птиците од на самата ивица, доста опасна глетка безразлика, дали има, или нема вода долу, височината си го прави своето.

Додека не е касно, пред сезона е добро да се стави ограда, мала инвестиција која може доста да придонесе.

На првата слика покрај висината се гледа и ѓубрето кое е неизбежен дел од нашето секојдневие.

 

 

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари