УХМР: Времето денес сончево и топло со мала до умерена облачност

- Македонија
609

ВРЕМЕТО УТРИНАВА

Во најголемиот дел ведро со мала до умерена облачност, само на југоисток има зголемена облачност, а во Струмичко има појава на магла. Понекаде дува слаб претежно јужен ветер.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. На југозапад ветерот повремено ќе засилува. Попладне на запад и облачноста ќе се зголемува. Температурата во интервал од 13 до 19 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре од претпладне ќе дува повремено засилен јужен ветер поизразен во западните делови од земјата, а потоа од запад брзо ќе премине и влажна и постудена воздушна маса, од која ќе има повремени врнежи од дожд понекаде и со умерен интензитет, а на високите планини врнежите ќе се од снег. Локално и особено на запад ќе наврнат околу 15 литри на квадратен метар. Попладне ќе дува северозападен ветер кој повремено ќе засилува. Дневната температура ќе опаддне за 3 до 5 степени.

До крајот на неделата ќе биде стабилно со постепен пораст на дневните температури.

Facebook Коментари