Владимир Четкар ќе настапи на Џава Џез Фестивалот во Џакарта

- Музика
907

Владимир Четкар на 3 Март ќе настапи на Џава Џез Фестивалот во Џакарта, еден од најголемите и најпрестижните интернационални џез фестивали во светот. Четкар ќе настапи на една од главните сцени а ќе биде придружуван од Македонски, Американски и Тајландски музичари или конкретно од Филип Стевановски на тромбон, Коди Роландс на труба, Борислав Веселинов на тенор саксофон, Супакит Фоганакит на клавијатури, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани.

После Индонезија Четкар ќе продолжи со турнејата во Тајланд каде ќе одржи два концерта, еден во Бангкок на 12 Март во познатиот џез клуб Џез Суши а другиот на 18 Март во музичкиот фестивал Патаја.

Facebook Коментари