УХМР за утре најавува обилни врнежи од дожд и снег и засилен јужен ветер

- Македонија
231

Утре времето ќе биде облачно, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд. Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува засилен јужен ветер.

Извор: УХМР

Facebook Коментари