Со 62 гласа „за“, Собранието ги изгласа измените на Законот за трговија со кои се укинува забраната за продажба на алкохол после 19 часот, односно 21 часот во лето.
Со овие измени се дозволува продажба на алкохолни пијалоци и во киосците. Останува обврската за објектите кои сакаат да продаваат алкохол да поседуваат соодветна лиценца што ја издава државата.
Продажбата на алкохолни пијалоци на бензиски пумпи останува забранета.
Strugaonline
Фото: архива
Facebook Коментари