(ВИДЕО) Нов сингл и видео спот на АРХАНГЕЛ – „Пинокио“!

- Музика
1161

Македонскиот музички великан „АРХАНГЕЛ“ денеска премиерно го објавува својот нов сингл насловен „ПИНОКИО“, а чие претставување во јавноста е проследено и со видео спот! Песната „Пинокио“ на АРХАНГЕЛ за прв пат беше најавена во живо пред две години со изведба на нивниот настап на Таксират Фестивал. Тогаш групата се врати на сцената по повеќе години пауза објавувајќи ја и песната „Поучна“ со Камарад, а денеска македонскиот музички етер е збогатен и со официјалната премиера на новото остварување на АРХАНГЕЛ – „ПИНОКИО“.

Во изведба на групата АРХАНГЕЛ, зад музиката, лириката и аранжманот на „Пинокио“ се потпишува Ристо Вртев. Песната пред јавноста е претставена и со видео запис по сценарио и режија на Иван Вртев, во кој како актери се појавуваат: Петар Стевановиќ, Славен Арсовски и Иван Вртев, а во продукција на „Аурелио“ и „Томато“.

Легендарната рок група АРХАНГЕЛ чиј врвен музички квалитет е константа низ повеќе од три децении, е едно од најголемите музички имиња од нашата сцена на сите времиња. Со завидна колекција на антологиски хитови и албуми кои ја одбележуваат македонската сцена уште од деведесеттите години, АРХАНГЕЛ константно ја потврдува својата музичка величина и ненадминливоста на музичките граници кои ги поставува! АРХАНГЕЛ, како никој друг, постигна култен статус не само кај нас, туку ширум цела поранешна Југославија. Групата оформена во 1988 година од страна на Ристо Вртев, во својата кариера има издадено четири албуми: „Архангел 1“ (1991), „Архангел 2“ (1993), „Heart Core“ (1998) и „Небесна машина“ (2003). Станува збор за едно од малкуте музички имиња кои со своето творештво оставија најзначаен белег на современата музичка сцена на Македонија и одбележаа генерации чија младост одекнува преку нивната музика.

Покрај објавувањето на синглот „Пинокио“, АРХАНГЕЛ годинава се актуелни и со веќе потврдениот настап како предводници на програмата на Д ФЕСТИВАЛ во Дојран. Посетителите на Д ФЕСТИВАЛ сигурно ќе имаат прилика да го чујат и новиот сингл во живо, но и да бидат почестени со поинаква програма и концерт кој групата цени дека го должи поради временските услови од минатата година во Дојран, а што уште е подготвено од музичката работилницата на култниот АРХАНГЕЛ е изненадување резервирано за саботната вечер, 7-ми јули на главната бина на Д ФЕСТИВАЛ!

Strugaonline

Facebook Коментари