Под периферно влијание на циклонот Роберт уште денес ќе имаме променливо време со повремени врнежи од дожд од локален карактер. Не се исклучува можноста и за ретка појава на грмежи додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени. Веќе од утре под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ ќе имаме многу постабилно и посончево време а за време на викендот температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и иситите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени. Истите ќе бидат над просекот за крајот на месец септември. Сепак наутро ќе биде релативно свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени додека во Беровскиот регион истата се очекува да се спушти и до околу 5 степени а ќе има услови по одделни котлини и за сосдавање на услови за појава на утринска магла. Одсега гледано нова значителна промена на времето и нов циклонски систем треба да очекуваме некаде околу средината на следната недела. Во Струга и околината уште денес ќе има повремен локален дожд и услови за ретки грмежи додека од утре па за време на викендот ќе име многу повеќе сонце и топлина со максимална дневна температура која ќе се искачи до околу 24 степени.
Подготви: Славчо Попоски
фото: Strugaonline
Facebook Коментари