ТОП Вести

Викендов ќе се одигра второто коло во пионерска конкуренција, КЛ7-Струга игра на гости со РК Сани

- Локални, Спорт
613

Овој викенд ќе се одигра и второто коло од пионерската лига во машка и женска конкуренција. Сите екипи од школата на капитенот своите натпревари ќе ги одиграат како гости во ова коло, дербито е во втората група.

По воведната победа во првото коло, КЛ7 Струга ќе гостува во Охрид кај екипата на РК Сани. Натпреварот ќе се одигра во понеделник(30.09) од 19:30.

Дербито овој викенд ќе биде во Кавадарци каде  пионерите на КК7 од Свети Николе ќе се сретнат со екипата на ГРК Тиквеш. И двете екипи во првото коло остварија победи. Натпреварот е закажан во недела(29.09) од 15:30 во спортската сала Јасмин.

Пионерите од Скопје повторно ќе гостуваат овој пат во Чаир против екипата на Риниа. Во недела(29.09) од 11 часот  во спортската сала 7ми март нашите пионери ќе се обидат да дојдат до првата победа.

Најмладите ракометарки- пионерки, овој викенд ќе се сретнат со апсолутниот фаворит и актуелен шампион ЖРК Вардар. Натпреварот ќе се одигра во недела(29.09) во спортска сала Јане Сандански (мала сала) од 10:30.

Извор и фото: КЛ7.mk

Facebook Коментари

error: