Летото во Република Македонија и на северната хемисфера календарски започнува утре, во исто време кога на јужната полутопка на Земјата ќе настапи зимата.
Во Македонија летото почнува во 12:07 часот. Летото ќе започне во 172-от ден од годината кој е најдолг и ќе трае 15 часа и 14 минути. Сонцето ќе изгрее во 04:58 часот, а ќе зајде во 20:12 часот.
Летото ќе трае 93 дена, а ќе заврши на 22 септември, кога календарски ќе започне есента.
Не’ очекува потопло лето во кое температурите, според најавите од синоптичарите, ќе ги надминат многугодишните просеци во некои делови и за над три степени.Според прогнозите, се очекуваат и периоди со исклучително топло и сушно време. Врнежите летово ќе бидат во рамки на просекот. Во целиот југоисточен регион на Европа температурите во текот на летото ќе достигнат натпросечни вредности. Во Република Македонија постои голема веројатност за надминување на температурите од многодишните просечни вредности кое би било повеќе од три степени во североисточниот регион, а за останатиот дел од територијата до три степени. Најголемо отстапување на температурата на воздухот се очекува во текот на овој месец, покажуваат анализите на Управата за хидрометеоролошки работи.
Strugaonline
фото: aрхива
Facebook Коментари