Венко Филипче: Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за ковид-19

- Македонија
79

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да ја спроведеме.-информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Вакцинирањето ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои во овој момент не работат со ковид пациенти. Делот на прием, чувањето на вакцините, дистрибуцијата до местата каде ќе бидат аплицирани веќе планот е во завршна фаза, но во текот на следната недела ќе биде организирана и една вежба на терен како тоа би изгледало.

-Препораката е први да бидат вакцинирани здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни сите критични групи согласно мислењето на експертите.-додава Филипче.

Министерот посјасни  дека земјава треба да добие 400.000 вакцини, но дали ќе дојдат сите одеднаш се чека на одговор, а тоа зависи од механизмот на Ковакс.

„Ние испративме допис и чекаме одговор. Не сум сигурен дека и тие точно знаат заради тоа што првите количини, тоа е суштината на Ковакс механизмот ќе бидат дистрибуирани во сите земји во регионот коишто аплицирале за тој месец. Очекуваме да биде во март месец но не можеме да бидеме сигурни. Кој ќе биде вакциниран е многу важно прашање и препораки се да тоа најнапред бидат дравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни сите критични групи согласно мислењето на експертите. ” – рече Филипче.

Facebook Коментари