Видео инсерти и фотографии од масовната прослава во Скопје, но и од Охрид ги обиколија светските медиуми, а посебно беше поздравена акцијата со садење на илјадници дрвца низ целата република.
– „Македонија минатата сабота масовно се вклучи во акцијата Часот на планетата Земја и уште еднаш испрати силна порака против климатските промени. Во мрак потонаа над 80 локации, беа засадени илјадници дрвца, се трчаше маратон од пет километри, а републиката доби и два парка посветени на планетата Земја. Во Скопје, пак, уживавме во акустичниот концерт и забавата со флуоросцентни бои. Најважно од се е тоа што мотивиравме илјадници граѓани низ Македонија и уште милијарди повеќе низ целиот свет дека секој од нас има моќ да направи промена и заеднички да испратиме силна порака за спас на планетата Земја!“, изјави Ѓорги Селков од Канцеларијата на Часот на планетата Земја во Македонија.
Strugaonline
Facebook Коментари