Со „Аналфабет“ во Охрид се одбележува Светскиот ден на театарот

- Локални
723

Народен Театар Охрид го чествува 27 март – СВЕТСКИОТ ДЕН НА ТЕАТАРОТ.
По тој повод, Охриѓани и Стржани  ќе имаат можност да ја гледаат  комедијата на Бранислав Нушиќ – АНАЛФАБЕТ, со актерите Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Адринана Билаловиќ Тодороска. Режијата е на Ѓорѓи Ризески.
Почетокот на претставата е  закажан за вечерва во 20:00 часот.

Меѓународниот ден на театарот се прославува од 1962 година, а е воспоставен од Меѓународниот театарски институт, со цел да се афирмира вредноста и важноста на театарската уметност, и да се апелира до владите, политиката и институциите да ја препознаат вредноста која театарот ја носи за луѓето, индивидуите и развојот на заедниците. Многу театарски институции низ целиот свет, на овој ден синхронизирано испраќаат универзална порака, напишана од реномирани светски имиња во театарската уметност.

Strugaonline

Facebook Коментари