Викендов започнува зимското сметање на времето

- Македонија
521

Вo сабота кон недела на полноќ (27-ми кон 28-ми октомври) ќе почне зимското сметање на времето, кога стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад. Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

Европскиот парламент во март 2019 година донесе одлука за прекинување на сезонските промени на времето, последен пат промена на времето односно поместување на часовникот ќе има во 2021 година.

Државите ќе мора да одлучат во кое време ќе останат трајно.

Од Владата информираа дека одлуката дали Македонија ќе остане трајно во летното или во зимското време, ќе биде базирана на детални анализи.

 

Facebook Коментари