Владата денеска ќе одлучува дали полицискиот час ќе започнува од 23:00 часот

- Македонија
468

Главниот координативен кризен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Министерството за здравство.

На Владата и’ се предлага на наредната седница да усвои одлука забраната и посебниот режим на движење да трае од 23:00 до 05:00 часот наредниот ден, а работното време на угостителските објекти со гости само во отворениот дел, на летните тераси и градини да биде до 22:30 часот.

Наведените предлог-мерки на Министерството за здравство ќе се разгледуваат на денешната владина седница и доколку се усвојат, би биле со важност од среда, 5-ти мај 2021 година.

Strugaonline

Facebook Коментари