Владата го прифати Предлогoт на закон за ратификација на Спогодбата со Албанија за делегирање услуги во воздушниот сообраќај на дел од воздушниот простор над Охридското Езеро

- Македонија
271

Владата, го разгледа и прифати Предлогoт на закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија, за делегирање услуги во воздушниот сообраќај на дел на воздушниот простор над Охридското Езеро и го достави до Собранието на Република Северна Македонија на разгледување и усвојување.

Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија, за делегирање услуги во воздушниот сообраќај на дел на воздушниот простор над Охридското Езеро е потпишана во Скопје на 14 ноември 2022 година.

Со оваа Спогодба, Република Албанија (земја којашто делегира услуги), ја делегира на Република Северна Македонија (земја којашто дава услуги), одговорноста за давање услуги во воздушниот сообраќај (услуги за давање на информации за лет, услуги за тревожење, советодавни услуги во воздушниот сообраќај, услуги за контрола на летање), во дел на воздушниот простор којшто се протега над територијата на Република Албанија.

Facebook Коментари