Владата одлучи да одвои 6 милиони денари финансиска помош за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриње

- Македонија
417
Владата на денешната седница донесе одлука за финансиска помош од 6 милиони денари за Хрватска, по силниот земјотрес во Петриње.
-Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите.
До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка. Во име на сите граѓани на Северна Македонија изразувам и сочувство за жртвите.-напиша на својот профил премиерот Зоран Заев.
Strugaonline

Facebook Коментари